ЕУ со помош од 30 милиони евра за Колумбија за мигрантите од Венецуела

од desk4
119 прегледи

Европската унија ќе испрати 30 милиони евра помош на Колумбија за да и помогне да се справи со приливот на мигранти од Венецуела, кои бегаат од економската и политичката криза, изјави во Богота шефот на ЕУ дипломатијата, Федерика Могерини.

-Со задоволство ви најавувам дека ќе и помогнеме на Колумбија со 30 милиони евра да ги идентификува мигрантите и нивната социо-економска интеграција, рече Могерини на заедничката прес-конференција со колумбискиот претседател Иван Дуке.

Таа истакна дека ЕУ ги поддржува напорите на владата и локалните власти да обезбедат вработување, претприемништво и пристојно домување за бегалците.

Могерини потсети дека ЕУ веќе донирала околу 130 милиони евра на земјите од регионот за помош на мигрантите.