Комесарот за внатрешен пазар на Европската унија, Тиери Бретон, ги предупреди социјалните мрежи да се подготват за ризикот од емитување „екзекуции во живо“ од страна на палестинскиот Хамас.
„Како дел од нашата интеракција со платформите, ние конкретно побаравме од нив да се подготват за ризикот од егзекуции во живо од страна на Хамас, ризик од кој мораме да ги заштитиме нашите граѓани. Бараме гаранции дека платформите се добро подготвени за таква можност“, рече Бретон за време на говорот во средата во Европскиот парламент, пренесува Си-Ен-Ен.
Портпаролот на бригадите на Хамас, Ал-Касам, минатата недела изјави дека Хамас ќе започне со егзекуции на цивилни заложници и ќе ги емитува на социјалните мрежи и медиумите доколку Израел ги таргетира цивилите во Газа без предупредување.