Европската унија и Швајцарија потпишаа историски договор кој ќе стави крај на банкарска тајна за граѓаните на ЕУ, соопштија од Европската комисија, цитирана од “Франс прес”.
Исто така договорот ќе овозможи спречување на граѓаните на ЕУ да чуваат непријавени приходи во швајцарски банки.
Договорот е уште еден удар против даночните измами и претставува уште еден чекор кон праведно оданочување во ЕУ, изјави еврокомесарот за даночните и економски прашања, Пјер Московичи.
Двете страни автоматски ќе разменуваат информации за сметките на секој граѓанин на ЕУ во швајцарските банки од 2018 година. Земјите членки на Унијата ќе добиваат секоја година имиња, адреси, даночни идентификациони броеви, датум на раѓање на своите граѓани со сметки во Швајцарија, како и други информации за финансискиот им рамнотежа.
Комисијата ќе склучи слични договори со Андора, Лихтенштајн, Монако и Сан Марино пред крајот на оваа година.
