ЕУ усвои нов пакет мерки против Русија, Путин не е на списокот

од Nikola Popovski
267 прегледи

Министрите за надворешни работи на Европската унија на вонредна седница донесоа одлука во пакетот санкции против Русија да се вклучат мерки против одредени банки, изјави шефот на европската дипломатија Жозеф Борел по седницата.

„Министрите во пакетот санкции ги вклучија банките кои ги финансираат оние што носат одлуки во Русија, како и други операции на териториите на ДНР и ЛНР“, рече Борељ.

Шефот на европската дипломатија посочи дека рускиот претседател Владимир Путин не е на списокот на санкции на Европската унија.

Според него, ЕУ е подготвена да ја слуша Русија и да го продолжи дијалогот со Москва, а не во услови на воена опасност.

„Русија е загрижена на полето на безбедноста, ајде да зборуваме за тоа, но не можеме да зборуваме кога има 140.000 војници на границите. Тешко е да се разговара под закана, но ние сме подготвени да ја земеме предвид загриженоста на Русија на полето на безбедноста, како и загриженоста на сите други страни“, рече Борељ.

Слични содржини