ЕУ усвои заклучоци во врска со злосторствата извршени во војната на Русија против Украина

од Stefanija Kuzmanovska
160 прегледи

Судскиот совет на Европската унија денеска усвои заклучоци за борба против неказнивоста во врска со злосторствата извршени во војната на Русија против Украина.

Советот ги повикува земјите-членки да усвојат мерки за целосна имплементација на дефиницијата за основни меѓународни злосторства и форми на одговорност содржани во Римскиот статут.

Римскиот статут е договор со кој беше основан Меѓународниот кривичен суд во 1998 година, а договорот стапи на сила на први јули 2002 година.

Слични содржини