Потсетуваме дека, германската компанија  ги продаде турбини за рускиот енергетски проект , кои сепак подоцна беа пренесени во Крим. Од “Сименс” беа принудени да ја прекинат соработката и бизнисот со руски компании .

  Во “црната” листа се вклучени тројца руски државјани и три компании . Рускиот заменик-министер за енергетика Андреј Черезов и началникот на Одделот за Министерството за енергија Евгениј Грабчак се истот ака вклучени во листата.

Според Брисел со своите постапки  тие го поткопанле  територијалниот интегритет, суверенитетот и независноста на Украина.

  ЕУ не ја  признава нелегалното анексија на Крим и Севастопол од Руската Федерација. Како дел од оваа политика Советот на ЕУ забранува испорака на клучна опрема за инфраструктурни проекти во Крим и Севастопол во важни сектори, вклучувајќи гасни турбини во енергетскиот сектор, појаснуваат од Советот на ЕУ.

Додадените три лица во листата се одговорни за доставување на турбините од Русија во Крим .  Им се  замрзнуваат средствата и им се забранува да патуваат до држави од ЕУ.

Во меѓувреме, ЕУ повика САД да не дејствуваат еднострано при наметнувањето на нови санкции

Така во листата вкупно се вклучени 153 лица и 40 компании . Мерките беа воведени во март 2014 година и за последно се продолжени во март 2017 година до 15 септември оваа година. Одделно ЕУ воведе секторски санкции на Русија во 2014 година