176
Во Европската Унија од денеска стапи на сила Директивата за вода за пиење, чија главна цел е да се постигне нулта загаденост.
Земјите-членки мора да ја транспонираат Директивата во националното законодавство и да се усогласат со нејзините одредби.
Новите правила се, како што наведе Европската комисија, „еден од највисоките светски стандарди за вода за пиење, во согласност со амбицијата за нулта загадување објавена во Европскиот зелен договор и, исто така, одговор на првата успешна европска граѓанска иницијатива „Right2Water“, кој собра 1,6 милиони потписи за поддршка на подобрување на пристапот до безбедна вода за пиење за сите Европејци“.