Европската Унија денеска воведе нови казнени мерки против Северна Кореја, поради неодамнешните нуклеарни и балистички проби кои ги изведе земјата.

aa717bac90230d93d047008beab53b2d

ЕУ соопшти дека стави на список санкционирани, 16 поединци и 12 компании од Северна Кореја. На тој список има 60 поединци и групи против кои се воведени забрани за патување и им е замрзнат имотот, пренесува АФП.

Северна Кореја ги отфрли санкциите на Советот за безбедност на ОН, како “неоправдани, незаконити и неморални” и се закани дека и понатаму ќе го зајакнува нуклеарниот арсенал.

 

Слични содржини