136
Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, повика на понеделник, 27 февруари, средба на високо ниво за дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел, а учеството го потврдија и Александар Вучиќ и Ачбин Курти, соопшти денес прес-службата на ЕУ.
Високиот претставник, со поддршка на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, со почеток во 15 часот ќе оствари одвоени средби со Вучиќ и Курти, по што ќе следи заедничка средба.
Тема на средбата е, како што се наведува, предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.