ЕУ заклучоци за Македонија

од Vladimir Zorba
60 прегледи

Советот за општи работи на Европската унија денеска треба да ги усвои заклучоците за Македонија. Во нив, како што дознаваме од дипломатски извори во Брисел, ќе биде изразена длабока загриженост за влошувањето на ситуацијата во земјата, посебно во областа на владеење на правото, фундаменталните права и слободи на медиумите.

еу мкд1

 

„Советот ги повикува сите страни да продолжат со зададените одговорности и да преземат итни мерки за пронаоѓање одржливо решение, притоа конструктивно да се заложат за обнова на политичкиот дијалог и да ја вратат довербата во институциите врз основа на соодветни политички чекори. Советот, како што се додава, ја поздравува вклученоста на ЕП во разговорите меѓу власта и опозицијата и ги повикува двете страни да покажат воздржаност и да се фокусираат врз што поскоро пронаоѓање решение за политичката криза во земјата.