Од ЕУЛЕКС соопштија дека обезбедувале придружба на косовската полиција врз основа на нивното официјално барање, во врска со смената на редовните полицајци во Лепосавиќ.
Како што пренесува КоССев, откако вчера на руралниот пат Каменица – Вуча – Сочаница била забележана колона полициски џипови со возила на ЕУЛЕКС, од ЕУЛЕКС за тој портал потврдиле дека ја спроведувале косовската полиција по повод смената на редовните полициски службеници во Лепосавиќ.
„По официјалното барање на косовската полиција, ЕУЛЕКС следеше конвој од редовни косовски полицајци кои на 24 декември ги ротираа и ги заменија редовните полицајци во полициската станица во Лепосавиќ“, се наведува во одговорот на ЕУЛЕКС на прашањето на КоССев, дали и зошто биле со косовските полициски џипови и го користеле алтернативниот рурален пат на северот на КиМ.