ЕУЛЕКС: Вучиќ не испратил писмо за апсењето на косовските полицајци

од Stefanija Kuzmanovska
335 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ не испратил писмо до ЕУЛЕКС за околностите на апсењето на тројцата косовски полицајци, соопшти денеска ЕУЛЕКС и додаде дека во врска со тоа била побарана и добиена информација од министерството за внатрешни работи на Србија, пренесе Reporteri.net.

„ЕУЛЕКС побара и доби информација за овој случај од министерството за внатрешни работи на Србија врз основа на Протоколот за полициска соработка. Во врска со овој случај, мисијата е во контакт со косовската полиција и КФОР, покрај министерството за внатрешни работи на Србија“, се вели во соопштението.

Косовскиот премиер Албин Курти денеска најави дека го чека извештајот на шефот на Канцеларијата за врски на Косово во Белград, Јетиш Јашари, кој утре ќе ги посети тројцата косовски полицајци кои се во притвор во Краљево.

По тие информации, додаде Курти, ќе одлучи дали ќе оди во Брисел на дијалог или не.

Слични содржини