Во Брисел дебакал на преговорите. Главниот преговарач Јоханес Хан прв се огласи преку пораката на Твитер дека отсуствува лидерство и дека мора да се продолжи со преговорите. Официјалниот став на ЕУ е изразен преку конкретна порака:
“Европската унија ги повикува сите страни во интерес на својата земја и нејзините граѓани да се најде траен политички компромис без одложување и да се излезе со конкретни предлози за оваа цел, за дефинирање на веќе постигнатиот договор во Скопје на 2 јуни. Определбата за реформи содржани во него, на која се посветени сите партиски лидери мора да се спроведе како итно прашање Ова е од суштинско значење за земјата да направи каков било напредок на патот кон евроатлантските интеграции. Европската комисија сега ќе разгледа како да придонесе најдобро за политичкиот процес во земјата и останува подготвена да ги олесни дискусиите», се вели во порака на ЕК.
