Околу 5.000 криминални организации се под истрага во државите членки на Европската унија, покажа извештајот на европската полициска агенција Еуропол.

Сепак, само неколку мафијашки групи делуваат во повеќе од една земја. Тие го делат илегалниот пазар,, вклучувајќи трговија со дрога и фалсификување, чија вредност се проценува на 110 милијарди евра, што е околу еден отсто од вкупниот бруто домашен производ на ЕУ, наведува ЕУОбсервер.
Истражувањата укажуваат на значењето на мафијашките групи чии припадници зборуваат руски или турски јазик, воздигнувањето на шефовите на слбанските кланови кои се занимаваат со криумчарење марихуана, но и со криумчарење во други области, опасност од помалку познати групи на меѓународно ниво, како и со моторџиските банди на северот на континетот.
Порталот наведува дека ниедна држава не може да се смета имуна кога е во прашање организираниот кримиинал, додавајќи дека е забележан мал напредок во борбата против тие групи.
Иако бројот на убиства кои се поврзани со мафијата во другите држави на ЕУ е помал отколку во Италија, опасноста на која истражителите укажуваат е влијанието на мафијашките групи на економскиот пазар.
„Видот контрола која мафијашите во странство е чисто економска, во поширока смисла, која не е ограничена на основната цел стекнување пари, туку на сите аспекти на производство и потроувачка на стоки и услуги, што е рбет на секоја држава“, пишува бриселскиот портал.
Истражувачите од Универзитетот во Торио наведоа дека клановите имаат три основни рути за миграции.
Зборувајќи за бегалците, кои генерално не може да побегнат, укажуваат дека ним им се потребни локални услуги, како што е можно да се види на примерите по нападите во Франција и во Германија.
Втората рута ги следи најдобрите услови за криумчарење, првенствено на дрогата, како во Шпанија, Холандија и источна Европа, а третата е вложување во легална економија.