Незаконскиот престој и неоснованите барања за азил од некои држави од Западен Балкан, плус Молдавија, Грузија и Украина, предизвикуваат дискусии за суспендирање на патувањето без визи во ЕУ.
Внатрешниот документ на ЕУ, објавен од ЕУОбсервер, доаѓа во пресрет на турнејата на претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, на Западен Балкан, пред Балканскиот и одделниот украински самит подоцна овој месец.
-На луѓето од Црна Гора, Србија и Северна Македонија им беше дозволено да патуваат во ЕУ без виза до 90 дена од декември 2009 година. Ова беше проследено во 2010 година со Албанија и Босна и Херцеговина, Молдавија во 2014 година, и Грузија и Украина во 2017 година, пишува ЕУОбсервер.
Според документот во кој имале увид, Германија, Франција и Италија се гневни за „злоупотребата“ на визниот режим од страна на граѓани на земјите од Западен Балкан, како и на трите земји од Источното партнерство, кои бараат исто така формално членство во ЕУ.