„Еuractiv“: Бугарија веќе отворено се заканува на Скопје со вето за преговорите за членство во ЕУ

од Vladimir Zorba
317 прегледи

„Ако мешаната комисија за историја не проработи до јуни и властите во Скопје продолжат да ја фалсификуваат историјата, Бугарија нема да даде согласност за започнувањена претпристапни преговори со Северна Македонија“.

Ова го изјави европратеникот Андреј Ковачев (ГЕРБ / ЕПП) за „Еuractiv“ Бугарија, но наведува дека ова е негов став, а не официјалниот став на владата.

Тој најави дека до јуни Европската комисија има рок да изработи мандат за почеток на преговори за членство со Скопје и Тирана. Потоа треба да се одржи меѓувладина конференција, на која одлуката мора да биде едногласно изгласана. Нема датум за оваа конференција. Можеби тоа е по завршувањето на хрватското претседателство на Советот на ЕУ на 30 јуни, кога ќе започне германското претседателство.

„Не гледам како една академска комисија од историчари и лингвист, која е базирана на договор, ратификуван и од двете страни, во кој јасно е запишано дека оваа комисија ќе ги заснова заклучоците целосно на историски споменици, каква врска има тоа со предизборните борби во од која било страна. Ние сме остро против прекинување на работата на комисијата во предизборната кампања во Скопје. Тие се академици, а не политичари“, рече Ковачев .