Еурофарм Пелистер се засили со уште еден голман – репрезентативец на Хрватска

од Симе Стоиков
258 прегледи

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер само еден ден откако го потпиша и промовираше Никола Митревски, се пофали со нов голман.

„Ни претставува особено задоволство што повторно во дресот на Еурофарм Пелистер ќе игра хрватски репрезентативец. Голманот со големо интернационално искуство, Филип Ивиќ, е нов член на нашиот клуб. 31-годишниот Ивиќ доаѓа во Битола како слободен ракометар по истекот на договорот со францускиот Шамбери.

195-сантиметри високиот загрепчанин кариерата ја започна во матичниот клуб, играше во полскиот Киелце, бундеслигашот Гумерсбах, словенечкиот Целје Пивоварна Лашко, па пак назад во Загреб и минатата сезона во Шамбери. Ивиќ долги години го носи дресот на националниот тим и настапи и на последното Европско првенство во Германија.

Новиот голман на Еурофарм Пелистер потпиша договор на две години со нашиот клуб.Официјалното претставување на Ивиќ во Битола е предвидено на крајот на месец мај“, се вели од таборото на битолчани.

Слични содржини