Вардар се врати во трка за титулата – славеше во дербито со Еурофарм Пелистер

од Симе Стоиков

Ракометарите на Вардар го совладаа Еурофарм Пелистер со 24-20 во големото македонско дерби кое се одигра вечерва во Скопје во рамки на 8 коло од плеј-оф фазата во Супер лигата.

Вардар беше во минимално, но константно водство речиси 40-ина минута во СЦ „Јане Сандански“ кога актуелниот шампион прв пат дојде во водство (18-17), а при резултат 20-19 битолскиот состав пропушти и неколку шанси да ја зголеми предноста

Ракометарите на Вардар го искористи тоа и со серија од 5-0 дојдоа до важна победа со која ја пролонгираа разврската во битката за шампионската титула.

Еурофарм Пелистер останува лидер на табелата со 23 бодови, два повеќе од второпласираниот Вардар на шест кола до крајот на македонското првенство.

Јасухира со шест голови беше најефикасен во редовите на Вардар, а Томовски запиша 12 одбрани на голот. Нејц Цехте беше прво име кај Еурофарм Пелистер со шест гола.

Слични содржини