Еурофарм Работник поразен во Финска од Кокс

од Aleksandar Petrovski
359 прегледи

Ракометарите на Еурофарм Работник вечерва се поразени со 23:21 од шампионот на Финска, тимот на Кокс.

Битолските „фармацевти“ продолжија со непријатната традиција, односно со 55 минути добра игра, и исклучително тактичка слаба завршница како што тоа беше и вечерва со Кокс.

Во првото полувреме Еурофарм Работник имаше водство од 12:11, но сепак на одмор се замина со нерешен резултат 13:13. Во второто полувреме, успешните одбрани на Чаневски не успеаја да ги мотивираат бековите на Еурофарм Работник и затоа Јотиќ постигна само 5, Остроушко 4, а Радовиќ само 3 голови. Слабата ефикасност ја казнија домаќините кои во 58 минута од натпреварот поведоа со 22:21, а на крајот славеа со 23:21.

Ракометниот натпревар меѓу Еурофарм Работник и Кокс се играше во рамки на групата „Ц“ од Лигата на шампионите.

Слични содржини