Будимпешта веќе влијае на јавниот дискурс во Македонија преку стратешки аквизиции на клучни ТВ канали и портали. Со поддршка на нелиберален владин модел и финансирање на националистички медиуми, Орбан го консолидира своето долгорочно влијание на Балканот, објави унгарската верзија на „Еуроњуз“.
Во последниве години, се додава во текстот, проширувањето на унгарските медиумски интереси во Македонија, кои, како што пишува, се контролирани од бизнисмени поврзани со унгарскиот премиер Виктор Орбан, станува сè поочигледно. Ова го напишал Димитар Керанов, експерт во Германскиот Маршалов фонд кој што претставува евроатлантски тинк-тенк.
Во текстот се споменува и името на премиерот Христијан Мицкоски.
-Влијанието на Будимпешта сега навлезе во јавниот дискурс на земјата преку стратешки набавки на клучните телевизиски канали и портали. Двајца директори на медиумите, Петер Шац и Агнес Адамик, го оркестрираа купувањето на медиуми како ТВ Алфа, Република, Курир, Лидер, Денешен, Економски, Вистина и НетПрес, објавил авторот.
-Заедничко им е тоа што сите се на линија на владејачката нелиберална и националистичка партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното раководство, вклучително и премиерот Мицкоски.