Според „Еуростат“, статистиката говори дека во С.Македонија храната е најевтина, исто како и безалкохолните пијалоци и тутунот, споредбено со 37 држави во Европа.
Нашата земја според анализата е на дното што се однесува до трошоците за основни потрошувачки производи, но истовремено и е најевтина.
Во таа насока, на еден граѓанин од С.Македонија за основните потреби издвојува 61% од средствата на ЕУ просекот. На пример, доколку една потрошувачка кошничка со овие производи во европска земја би чинела 100 евра како средна вредност, во Македонија истата би била речиси половина поевтина.
Од друга страна има држави кои на врвот се најубедливи и класифицирани како најскапи. Таму се наоѓаат Швајцарија (163%), Норвешка (157%) и Исланд (140%). Таму потрошувачката кошничка за овие производи надминува 140% од европскиот просек, односно за истите производи би се платиле 50% или повеќе од другите европски држави, односно повеќе од двојно поскапо од Северна Македонија.
Од земјите во регионот, БиХ (76%), Србија (78%) и Бугарија (78%) се блиску до дното, но сепак на нивните граѓани им требаат далеку повеќе средства за задоволување на прехранбените потреби.
Северна Македонија има и најевтина храна и риба, а е на второ место, зад Романија, во однос на цените на месото и лебот, како и веднаш зад Полска според цените на млекото и млечните производи.
Во делот на зеленчукот, овошјето и маслото за јадење (плус путер и маргарин), Македонија е убедливо најевтина во Европа.