Еутанизираната Фреја стана бесмртна: Норвежаните му подигнаа споменик на разиграниот морж

од Vladimir Zorba

Бронзена скулптура на морж по име Фреја, која привлече светско внимание минатото лето, беше откриена во Осло. Според официјалните лица, таа се заиграла „премногу“ во фјордот во Осло додека службениците не решиле да ја еутаназираат.

Фреја имала 600 килограми и набрзо по пристигнувањето во Норвешка станала интернет ѕвезда, откако видеата на кои несмасно и полека се качува на чамци станале вирални. Сепак, помалку од еден месец по нејзиното прво појавување, Фреја беше убиена од властите, сметајќи ја за опасност за јавноста.

Пред тоа Фреја беше забележана во Велика Британија, Данска, Холандија и Шведска, пренесува Euronews.

Но, градските власти одлучија дека таа станала закана за луѓето кои премногу се доближиле до цицачот тежок 600 килограми за да фотографираат. Одлуката предизвика негодување и стана мотивација за поставување на статуата.

„Пред се, бев многу испровоциран од начинот на кој се однесуваа со Фреја. И како го заврши нејзиниот живот. Многу луѓе не ги следеа правилата и наредбите што постоеја во врска со Фреја додека таа беше на „обвинителна клупа“. Луѓето беа малку премногу љубопитни и беа малку премногу блиску“, изјави Ерик Холм, кој дошол на идеја да ја постави статуата во фјордот.

Многу луѓе мислеа дека одлуката за еутаназија е избрзана – но официјалните лица рекоа дека нејзиното преместување во помалку населено место би било премногу сложена операција.

Слични содржини