Ева Лонгорија блесна во фустан кој гарантирано привлекува погледи (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
438 прегледи

Актерката Ева Лонгорија во полн сјај ја покажа својата беспрекорна фигура во тесен фустан кој го избра за Global Gift Gala во Шпанија.

Ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“, 48-годишната Ева Лонгорија, која неодамна сподели страстен бакнеж со својот сопруг Хозе Бастон на плажа, пристигна на розовиот тепих во хотелот „Дон Пепе“, каде се одржа гала забавата.

Инаку, Global Gift Foundation е филантропска непрофитна организација чија цел е да создаде позитивно влијание врз животот на децата, жените и семејствата кои имаат потреба, како што е наведено на официјалната веб-страница.

На гала забавата Ева ја покажа својата беспрекорна фигура во прекрасен црн фустан до подот. Многу едноставната, но многу впечатлива креација се истакна со заводлив пресек во пределот на деколтето. Претставуваше одлична комбинација на вечниот и класичниот црн фустан кој многу ни доаѓа во гардеробата и владејачкиот тренд обележан со cut out пресеци.

Слични содржини