Ева Мендес и Рајан Гослинг се најчудната двојка во Холивуд

од Stefanija Kuzmanovska

Ева Мендес и Рајан Гослинг се запознаа во 2011 година на снимањето на филмот „The Place Beyond The Pines“. Тие ја криеја врската долго време, а првите гласини пристигнаа истата година кога беа видени заедно во Дизниленд, објавија светските медиуми.

Судбоносното да го кажаа во 2016 година во строга тајност, а до ден денес нема откриено никаква снимка од свадбата до јавноста. Исто така, се дозна дека Ева е бремена со своето прво дете дури кога актерката зачекори во 7-ми месец од бременоста.

Актерката успеа да ја сокрие и својата втора бременост долго време, а поради Рајан и нивните две ќерки, Амада и Есмералда, актерката се откажа од холивудската кариера.

Имено, двојката нема дадилка, туку за децата се згрижени исклучиво тие, односно првенствено Ева, која е посветена на дизајнирање облека и некои други проекти кои не вклучуваат месеци одвоеност од семејството поради снимање на разни светски локации.

Како и да е, актерката не ја исклучи целосно можноста да се врати во Холивуд, но истакна дека засега не сака да ги остави своите девојчиња сами.

„Откако децата ќе заспијат, време е за чистење и перење и да се подготви храна за следниот ден. Се чувствувам како да водам хотел“, напиша Ева на својот Инстаграм.

Слични содржини