Ева Мендес и Рајан Гослинг имале заеднички договор дека ќе се откаже од кариерата за да остане дома и да се грижи за нивните ќерки.
„Тоа беше речиси премолчен договор, нешто како: „Во ред, тој ќе оди на работа, а јас ќе работам, само што ќе работам дома“, рече 50-годишната Ева Мендес, која ја носи одлуката со сопругот дека ќе биде дома за да биде таму за нивните ќерки Есмералда (9) и Амада (7).
Таа исто така рече дека без многу размислување ги ставила на чекање своите холивудски амбиции, се за да може целото време да го поминува со своите ќерки. „Толку сум среќна што можам да го поминам ова време со моите деца“, признала Ева Мендес и потоа објаснила дека нејзината кариера сè уште постои, но ништо не снимила откако станала мајка.
„Сè уште работев, едноставно не глумев, бидејќи глумата те оддалечува од дома“.
Ева се осврна и на своето искуство кога со сопругот Рајан Гослинг во 2012 година го снимаше филмот „Sins of the Father“, а, како што вели, размислува и за снимање на нов проект.
„Никогаш не сум доживеала такво нешто. Начинот на кој работи, неговата посветеност на работата, како сака да прави се што е можно подобро, а тоа значи да ги направи своите колеги најдобри што можат. За жал, или за среќа, има само еден Рајан!’