Министерот за надворешни работи, Бујар Османи информира дека македонскиот брачен пар кој беше заглавен во Газа, е успешно евакуиран.
Во моментов тие се на безбедно, привремено вдомени во Каиро, и наскоро ќе бидат упатени кон дома.
-Сакам да оддадам посебно признание за посветеноста и професионалноста до вршителите на работи во амбасадите во Тел Авив и Каиро, Мачеј Качоровски и Елма Алторок, кои вложија извонредни напори во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел како и со нашите државјани, соопшти Османи.
Во Газа има уште еден македонски државјанин, но тој одбивал да биде евакуиран затоа што бил дел од хуманитарна организација.
Четиричленото семејство Скаик веќе безбедно пристигна во земјава, откако по долги напори беа евакуирани од Газа.
Претходно во Скопје со чартер-лет пристигнаа преостанати 67 наши државјани кои побараа помош да го напуштат Израел, а со истиот лет бил обезбеден трансфер на седум албански, седум црногорски и тројца бугарски државјани.