Евакуиран Трафалгар Сквер во Лондон: Пронајден сомнителен пакет? (ФОТО/ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Трафалгар Сквер во Лондон утрово е евакуиран, додека полицијата го расчистува подрачјето од луѓе.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат полициска лента на улица, додека полицајците ги пренасочуваат возилата и луѓето.

Патот бил затворен, а на пешаците им било кажано да се засолнат од ова подрачје. Некои сугерираат дека еден хотел е евакуиран, но тоа не е потврдено. Има индиции дека се работи за сомнителен пакет.

На местото на настанот излегле и пожарникари.

Да потсетиме, прославата по повод 70-годишнината од владеењето на кралицата Елизабета Втора ќе продолжи денеска во Лондон.

Слични содржини