Најмалку една ученичка е повредена во пукање во училиште во Офенбург, Германија.
Според пишувањата на медиумите, таа наводно била застрелана од соученик, кој бил уапсен.
Во почетокот на учениците не им било дозволено да ги напуштат училниците.
На повредената ученичка ѝ била укажана помош на лице место.
Shots have been fired at a school in #Offenburg #Germany 🇩🇪 At least one schoolgirl is injured. A suspect was arrested pic.twitter.com/Sg4bKwgXtO
— 𝙰𝚒 𝙽𝚎𝚠𝚜 𝚁𝚎𝚙𝚘𝚛𝚝 (@AiNewsRep) November 9, 2023
Училиштето било опколено, а околу 180 ученици во меѓувреме беа изнесени од училиштето и предадени на нивните загрижени родители.
„Осомничениот е уапсен во рамките на голема операција во училиште во Офенбург. Се работи за млад човек“, соопштија од полицијата.
Ученикот е осомничен дека со огнено оружје ранил соученичка.
Се уште не е познато како дошло до пукањето.