292
Денеска околу 14.00 часот, по добиена пријава во ОВР Прилеп дека во с.Ракле има две неподвижни лица на возраст од 80 и 88 години, кои се во опасност поради настанат пожар на тоа подрачје, полициски службеници од ОВР Прилеп се упатиле на местото.
За кратко време лицата биле евакуирани и безбедно префрлени во Прилеп, во домот на нивниот син, соопшти МВР.