Министерството за надворешни работи информира дека во текот на изминативе 24 часа и последните тројца наши граѓани, мајка сo две деца кои претходно по сопствен избор беа останати во Газа, на нивно барање, веќе се евакуирани и со тоа се заокружува бројот на нашите граѓани кои ги имаат контактирано нашите дипломатски конзуларни претставништва во Каиро и Тел Авив со намера да им се обезбеди асистенција при евакуацијата.
По привремено вдомување во Каиро, семејството ќе биде упатена кон дома.
-Уште еднаш благодарност до канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) за нивната асистенција при трансферот на нашите државјани од египетскиот главен град Каиро до Скопје.
Потсетуваме на нашите контакти за пријава на евентуални наши државјани во Газа. СОС телефони на МНР- 075/ 273- 732 и 075/268-736, дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 и дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +201033615542, соопштија од МНР.