Евакуирани три девојки кои се соочиле со диви свињи на Водно

од Nikola Popovski
57 прегледи

Три девојки вчеравечер, кои се симнувале од врвот на Водно, по 23.00 часот, кон Средно Водно, имале непријатна средба со диви свињи.

-На 112 во ЦУК пријавиле дека стадо диви свињи се постојано зад и околу нив, иако се симнувале по асфалтираниот пат и дека се многу исплашени. Притоа, побарале да се отклучи рампата на Средно Водно, за да може нивни блиски да ги земат со возило, информира ЦУК.

Во 23.42 часот од пријавувачката на итниот случај е добиена повратна информација дека полициско комбе дошло на лице место, во коешто била и нивна братучетка, и дека се веќе се безбедни.

Слични содржини