110
Седиштето на американската компанија Амазон во Мадрид денеска е евакуирана по закана со бомба, соопшшти шпанската полиција.
-Примивме повик и во моментов го испитуваме, рече портпаролот на полицијата, пренесоа британските медиуми.
Полицијата повикот го примила околу 11 часот по локално време, а според првичните сознанија во зградата не било пронајдено ништо сомнително, пренесе шпанскиот портал Окдиарио.
Како што се наведува, канцеларијата на компанијата Амазон се наоѓа во зградата на комплексот „Прадо бизнис парк“, во улицата Рамирез де Прадо, некогашното седиште на Алкател.