Откако минатата недела ја вознемири јавноста со своите коментари околу коронавирусот, игнорирајќи ја опасноста, познатата актерка сега се извини за кажаното.
Еванџелин Лили се одбрани дека кога оригинално го објавила постот, тогаш уште не биле на сила строгите мерки за заштита и превенција и не била свесна дека ковид-19 не е само обичен грип.
„Сакам да знаете дека јас го правам мојот дел, останувам дома, социјално дистанцирана со моето семејство“, нагласува таа.
Притоа, се извинува за ароганцијата и бесчувствителноста кои ги покажала во претходната објава и изрази поддршка за сите кои се борат со болеста и за светот кој се обидува да се справи со пандемијата.
„Кога го напишав тоа, мислев дека внесувам малку мир во хистеријата, но сега можам да видам дека само сум ги проектирала своите стравови“, пишува Лили.