Еванс: Се восхитувам на силата на Тен Хаг

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Ветеранот во одбраната на Манчестер Јунајтед, Џони Еванс, призна дека се восхитува на силата на менаџерот на тимот Ерик тен Хаг. Гласините за отказ на Холанѓанецот го придружуваат речиси целиот негов престој досега на „Олд Трафорд“, но и покрај тоа тој продолжува да стои на сопствената филозофија, незасегнат од надворешната врева, тврди Еванс.

„Црвените ѓаволи“ го забележаа својот најлош старт во Премиер лигата досега и покрај тоа што Тен Хаг не беше заменет за време на репрезентативната пауза, тој останува фаворит на обложувалниците да стане следниот менаџер отпуштен во лигата.

„Тен Хаг е многу силен човек и му се восхитувам поради тоа. Можете да видите дека тој е многу принципиелен во начинот на кој сака да работи и исто така во начинот на кој сака да се однесува како личност. Многу ретко се менува. Покажува вистинска сила во тоа кој верува дека е и кој сака да биде. Секогаш е многу позитивен и неговата порака е секогаш иста.

Можеме да земеме позитива од дефанзивните перформанси на тимот оваа сезона. Сепак, сакаме да даваме повеќе голови. Тие (стручниот штаб) секогаш гледаат на позитивната страна и бараат начин на кој можеме да се подобриме без да дозволиме надворешната врева да влијае на нас“, рече Еванс во интервју за Sky Sports.

Слични содржини