Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Џони Еванс ги коментираше промените во клубот. Новите сопственици на INEOS објавија дека отпуштаат околу 250 вработени за да ги намалат трошоците. Овој процес започна додека тимот е на претсезонска турнеја низ САД.
„Многу луѓе останаа без работа во последните две недели. Тешко е. Има луѓе кои ги познавате 20 години. Тоа се случува и додека сме на турнеја“, сподели Еванс.
Дефанзивецот е дете на клубот, а минатото лето се врати на „Олд Трафорд“ откако осум години играше за други тимови. Неговиот брат исто така играше за Јунајтед, а неговата сопруга работи за телевизијата на клубот. Неговиот татко работел на академијата.
Еванс откри дека темата за отказите се разговарало во соблекувалната: „Некои луѓе од персоналот се тука, а погодените се нивни пријатели, луѓе со кои долго време соработувале. Сигурен сум дека го чувствуваат тоа“.