download (15)

450 грама шпагети

450 телешко мелено месо

400 мл доматно пире

1 главичка кромид

1 морков

3 чешниња лук

80мл масло

1 лажичка оригано

1 лажичка сув магдонос

150 грама пармезан

зачини

ROPN3k4l

Начин на подготовка:

  1. Ставете на оган тавче со 50ml масло. Откако ќе се загрее маслото, додајте ги во него морковот и кромидот, ситно исечкани.
  2. Кога кромидот ќе добие златна боја, во тавчето ставете го и меленото месо и пржете ги состојките 5-6 минути.
  3. Потоа во тавчето додајте го доматното пире и лукот. Пржете додека не ја постигнете саканата густина.
  4. Кон крајот на готвењето зачинете го сосот со оригано, црн пипер, вегета и магдонос.
  5. Во тенџере со вода ставете ги шпагетите да се варат. Во водата додајте го остатокот од маслото (30ml) и малку сол.
  6. Кога ќе бидат готови шпагетите, можете или да ги измешате со сосот или да ги ставите шпагетите во чинии и врз нив да ставите од сосот.
  7. Поросете со пармезан и украсете со гранче босилек или магдонос.

Слични содржини