Еве како изгледа Елена Папаризу, 18 години по победата на Евровизија (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
541 прегледи

Гркињата Елена Папаризу победи на Евровизија во 2005 година, а песната „My number one“ стана голем хит.

Нејзината победничка песна се слуша и денес, а Елена продолжи да биде успешна во музиката. Објавила 10 албуми.

Вниманието го привлече и со својот атрактивен изглед, а и денес изгледа исто толку убаво.

Таа беше во брак со менаџерот Тони Мавридис 12 години, а нивниот турбулентен развод беше широко покриен во грчките медиуми. Како што пишуваше, Тони и Елена дошле во конфликт околу поделбата на имотот.

По разводот, таа се омажи за музичарот Андреас Капсалис во 2015 година.

Слични содржини