Еве како регионот информира за случајот со лажните пасоши во С.Македонија (ФОТО)

Во вчерашната акција беа приведени деветмина вработени во МВР, додека по еден се трага.

-Преку регионалната соработка од САД беше обезбеден вистинскиот идентитет на лицата. Се работи за лица кои учествувале во нелегална трговија со дрога и други криминални дејствија. Тоа се лица со профил на висок ризик, кои се бараат со меѓународните потерници. Кривични пријави се поднесени за 10 лица, од кои 9 се приведени, а по еден се трага. Од нив 9 се вработени во МВР, а еден бил посредник . Уапсените се овластени службени лица и контролори, односно лица кои биле задолжени за издавање и одобрување на патните исправи. соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Министерот соопшти дека вкупно 215 лица добиле македонски патна исправа со туѓ идентитет, 214 биле странски државјани, а само еден бил наш.Тој вели дека оние што добиле пасоши во еден дел се членови на меѓународни криминални групи и на нарко-картели.
Во таа насока, регионот исто така информираше за настаните, па во продолжение погледнете дел од насловите.

Слични содржини