Еве како Трамп ги поздрави свирежите упатени кон Тејлор Свифт на Супербоулот

од Nikola Popovski
70 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп ја коментираше реакцијата на публиката кон пејачката Тејлор Свифт, која ја поддржа неговата претседателска противкандидатка Камала Харис, откако глобалната мега ѕвезда синоќа беше исвиркана на Супербоулот.

Филаделфија Иглс по втор пат во клупската историја го освоија шампионатот во НФЛ, победувајќи го бранителот на титулата Канзас Сити Чифс со 40-22 во Њу Орлеанс.

Натпреварот во живо на стадионот го следеше и Трамп, кој со тоа стана првиот актуелен американски претседател кој присуствуваше на најголемиот спортски настан во САД.

Тејлор Свифт, која се забавува со ѕвездата на Канзас Сити, Тревис Келце, беше исвиркана кога нејзиното лице се појави на огромните екрани на стадинот во Њу Орлеанс за време на полувремето.

„Единствениот кој имаше потешка ноќ од „чифси“ на Канзас Сити е Тејлор Свифт“, напиша претседателот на „Truth Social“.

Американскиот претседател, исто така, претходно сподели објава во која го истакнува контрастот помеѓу свирежите упатени кон Тејлор Свифт и овациите што ги доби кога неговото лице се појави на екранот за време на изведувањето на американската химна: „Трамп добива овации додека Тејлор Свифт е исвиркана – светот се лекува“.

Свифт се приклучи на изборната кампања во САД во 2024 година со поддршка на Камала Харис, што го налути Доналд Трамп до тој степен што го натера да напише на Truth Social: „Ја мразам Тејлор Свифт“.

Слични содржини