
По умереното заживување на пазарот во последните две години, европскиот пазар на автомобили (ЕУ плус земјите од EFTA) продолжи нагорниот развој од 2016 година, запишувајќи раст од 5,2% до 14,94 милиони продадени автомобили. Продажбата на комерцијални возила достигнаабројка од 1,97 милиони (+ 11,1%).
Ако во статистиката бидат вклучени сите земји на континентот, вклучувајќи Русија, Турција и Украина, тогаш на пазарот на автомобили достигна цели 19,5 милиони (Раст од 4,9%). Целата оваа статистика е на агенција Focus2Move.
Најпродаваната марка во оваа “голема” Европа земајќи предвид автомобили и комбиња, продолжува да биде Volkswagen со вкупно 2,2 милиони продадени возила. Растот сепак е многу мал, само 0,6%.
Големиот скок тука прави Renault кој е рангиран зад VW со 1,61 милиони продадени возила или цели 10% раст. Интересно е дека во декември Renault пласирал само околу 8.000 автомобили помалку од VW. Трет е Ford со 1,46 милиони продадени автомобили (+ 2,0%).
Четвртото место останува за Opel со 1,14 милиони примероци (+4,6), следен е Peugeot со 1,09 милиони (+ 2,8%). Mercedes е на шестата позиција со продадени 1.059.000 автомобили и раст од цели 11,1%. Изненадувањето е седмата позиција на Fiat, учинокот е со раст од 9,9% и вкупно 1.025.000 продажби.
Следните две позиции ги делат BMW и Audi. Баварците реализирале 878.450 автомобил (+ 8,7%), додека конкурентите од Инголштад 878.347 (+ 7,6%). Десеттата позиција е за Toyota со нејзините 801.939 продажба и раст од 5,4%.
Интересен факт е дека во Топ 20 (19-та позиција) фигурира името на Lada. Русите се пласирале 274.903 автомобили (-0,3%), претекнувајќи Mazda, MINI, Suzuki, Land Rover, Honda, Mitsubishi, Jeep, Smart, Porsche и Lexus. Во рејтингот учествуваат вкупно 30 марки.