Еве која е најбезбедната земја за 2023 година

од Nikola Popovski
322 прегледи

Најбезбедната земја во светот изобилува со природни убавини и неверојатни атракции. Таа е на врвот на глобалниот индекс на мирот. Иако популарните дестинации за одмор како Шпанија и Франција се сметаат за многу безбедни, постои една европска земја која редовно ја предводи листата на најбезбедни дестинации.

Исланд е на врвот на Глобалниот индекс на мир и е оценет како најбезбедна дестинација за одмор за туристите. Земјата е оценета како политички стабилна и има ниска стапка на криминал, пренесува „N1“.

Иако Исланд можеби не звучи како идеална дестинација за летен одмор, земјата би можела да биде совршено место за бегство од топлотните бранови во јужна Европа.

Земјата има некои од најуникатните пејзажи во Европа со природна убавина што го одземаат здивот.

Плажата Рејнисфјара е крунисана за најдобра плажа на континентот на престижната годишна ранг-листа на плажи на „Tripadvisor“. Плажата со црн песок е покриена со вулканска пепел и опкружена со морски карпи.

Сепак, туристите треба да внимаваат при посетата на плажата, бидејќи убавото место може да биде и многу опасно.

Безбедно е да се посети плажата, но туристите треба внимателно да ги прочитаат безбедносните знаци и да се држат подалеку од водата, пренесува „Експрес“.

Погледнете ја листата на 10-те најбезбедни земји во светот:

– Исланд;

– Данска;

– Ирска;

– Нов Зеланд;

– Австрија;

– Сингапур;

– Португалија;

– Словенија;

– Јапонија;

– Швајцарија.