Еве колку би заработила Меган Маркл доколку се врати во Suits

352 прегледи

Откако неодамна во јавноста протече информација дека војвотката од Сасекс Меган Маркл, сака да глуми во филм со суперхерои, сега започна да се шпекулира и за нејзино враќање во серијата Suits, во која го глумеше ликот на Рејчел пред да се омажи за принцот Хари и мораше да се откаже од својата актерска кариера.

Принцот Хари и Меган на крајот на овој месец ќе отстапат од своите кралски должности, а Меган веќе започна да крои планови за иднината во која нема да биде ограничена со строгите правила и забрани. За враќањето во серијата ѝ понудиле хонорар од милион долари, но војвотката не објавила дали ќе се врати или не.

Германската козметичка фирма Биотулин отишла чекор понатаму и ѝ понудиле неверојатни 5 милиони долари за секои пет секунди во серијата. Познато е дека Меган и во приватниот живот ги користи нивните производи.

Еден извор близок до војвотката рекол дека веќе постојат планови во кои се настојува да се осигура голема улога за Меган.

Слични содржини