Еве колку „Пријатели“ заработија од една снимена нова епизода

од Берта Китинска

Главните sвезди на серијата Пријатели, наводно, добиле помеѓу 2,4 и 3 милиони долари за епизодата за повторното враќање на малите екрани, пишува Холивуд репортер.

Шесте главни sвезди, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Дејвид Швимер и Метју Пери, се вратија на малите екрани по завршувањето на снимањето на серијата во 2004 година, а нивните животи се повторно под лупа на милиони обожаватели светот.

Британски Daily Star го објави богатството на Пери, односно Чендлер од серијата, и тие пишуваат дека тежи околу 120 милиони долари. Тој глумеше во сите 236 епизоди на Пријатели меѓу 1994 и 2004 година.

Како и останатите главни актери, на Пери му беше платено нешто повеќе од 22 илјади долари по епизода за првата сезона. Таа сума се искачи на дури милион долари по епизода до минатата сезона.

Според УСА Тудеј, главните актери од Пријатеjat исто така заработуваат 18-20 милиони долари годишно од репризи и авторски права. )

Слични содржини