Еве колку заработи Модриќ по поминати 12 години во Реал

од Nikola Popovski
124 прегледи

Лука Модриќ, капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, официјално се збогува со Реал Мадрид по 12 години поминати во еден од најголемите клубови во светот.

Во овој период, тој стана клупска легенда, освојувајќи шест титули во Лигата на шампионите, Златната топка и бројни други трофеи и награди. Веста за неговото заминување прв ја објави почитуваниот експерт за трансфери Фабрицио Романо, а набрзо и самиот Модриќ ја потврди со емотивно проштално писмо на Инстаграм, упатено до своите соиграчи, навивачи и раководството на клубот.

Во текот на своите 13 години во Мадрид, Модриќ оствари значителен приход. Според податоците од порталот „Капологи“, бруто заработката изнесувала повеќе од 140 милиони евра. Неговата плата растеше од година во година – од почетните 7,5 милиони евра бруто годишно до највисокиот износ од 21,8 милиони евра. Во последната сезона, 2024/2025, тој заработи околу 10,4 милиони евра. Дел од заработката одеше за даноци во Шпанија, а покрај платата, тој заработуваше и од бонуси за настапи и освоени трофеи, иако деталите за овие бонуси не се јавно познати.

Модриќ одлучи да инвестира дел од своето богатство во фудбал – стана еден од инвеститорите во велшкиот клуб Свонси, кој се надева дека ќе се врати во Премиер лигата.

Хрватскиот репрезентативец ќе наполни 40 години во септември, но сепак останува во врвна форма благодарение на внимателната распределба на минутите во последните сезони. Затоа, не е исклучено дека ќе ја продолжи својата професионална кариера. Шпанските медиуми неодамна пишуваа дека новиот тренер на Реал, Чаби Алонсо, сака Модриќ да остане, а многу соиграчи јавно ја изразија својата поддршка за негово останување.

Целта на Модриќ е да продолжи да ја води репрезентацијата на Светското првенство, кое ќе се игра во САД, Мексико и Канада во 2026 година. За тоа ќе му треба нов клуб, што дополнително потврдува дека сè уште не е блиску до пензија.

Слични содржини