Еве што јаде Трамп

од Milan1
87 прегледи

Познато е дека Доналд Трамп сака да се пофали со одличното здравје. Во една прилика рече дека претседателските кандидати имаат обврска да бидат здрави, а за резултатите од неговите тестови зборуваше во различни емисии. Откако повторно се актуелизираше темата, особено на сметка на портокаловата боја на кожата која е очигледна кај Трамп, сега многу луѓе се заинтересирани за исхраната на новиот претседател на Соединетите Американски Држави, а што е прилично изненадувачки.

Како прво, Доналд Трамп не пребира многу кога е храната во прашање. За разлика од многу претседателски кандидати, кои секојдневно имаат лични готвачи и посебни менија, Трамп ужива во брзата храна, исто како и секој Американец. Сепак, тоа не го брише фактот дека многумина се изненадени од неговата исхрана. Еве што јаде за еден ден.

Го прескокнува појадокот

Доналд Трамп во 2016 година му кажа на Џеси Волтерс од Фокс њуз дека го прескокнува појадокот секогаш кога може. Во повеќето случаи, ручекот му е прв оброк, а омилен оброк во денот му е вечерата. Сепак, понекогаш се решава да појадува, а тогаш најчесто избира јајца и сланина, житарки или Мекмафин од Мекдоналдс. Трамп никогаш не пие чај или кафе.

Месото му е омилено јадење

Прехранбените навики на Доналд Трамп беа откриени во книгата „Let Trump Be Trump“, напишана од поранешниот менаџер на кампањата Кори Левандовски. Тој тврди дека претседателот често може да помине 14 до 16 часа без да јаде. Тој е голем љубител на месото, а тоа е познато од 2005 година, кога тој и Меланија се појавија како гости на Марта Стјуарт. Таму подготвија оброк, за кој Трамп рече дека му е омилен.

Слични содржини