73
Националната дирекција за борба против корупцијата во Романија го уапси директорот на Националниот фонд за здравствено осигурување во врска со истрагата за известување на фиктивни медицински услуги, соопшти информативниот сајт “Зиаре”. Антикорупциските обвинители извршиле вкупно 50 претреси вклучувајќи и во Националниот фонд за здравствено осигурување и во здравственото осигурување во општина Букурешт. Според судски извори освен директорот на НЗОК Маријан Бурча, уапсени се уште три лица.