Еве што ѝ треба на твојата кожа по тмурната зима

Првите пролетни денови со себе носат бројни промени, како и за облеката така и за негата и бјути рутината. И додека зимските месеци бараа богата, хранлива и „тешка“ нега, за време на пролетните месеци во фокус се нежните и повоздушни текстури, како и кремите со SPF фактор.

Во продолжение прочитајте ги седумте едноставни чекори за системска нега со која вашата кожа ќе заблеска во полн сјај.

1. Рутината започнете ја со миење

И додека зимата ја обележаа богати масла за чистење лице, за време на пролета подобро ќе одговараат полесни формули како пена и гелови за миење и отстранување на шминка. Тие нема да остават чувство на маснотија, а нежно ќе ги отстрани сите нечистотии од кожата на лицето.

2. Направете пилинг

Ниските температури, ладниот ветер и сувиот воздух во загреаните простории направиле одредено оштетување на кожата, па пролета е вистинско време за враќање на сјајот. Најдобар начин за тоа е пилингот кој ќе ги отстрани мртвите и оштетени клетки од вашето лице, ќе го направи мазно, чисто и ќе овозможи длабинска хидратација. Со други зборови, вашата кожа по пилингот ќе изгледа поздраво и повторно ќе сјае. Доволно е да го направет еднаш или два пати неделно.

3. Одвои време за хранлива маска

По длабинското чистење, лицето треба да се нахрани со маска. Чистата кожа ќе ги прими сите хранливи маски кои ќе го смират надразнатото лице, ќе ја отстранат нечистотијата, ќе тонизираат и освежат, а покрај тоа ќе ви пружат и добра хидратација. Издвојте време бар еднаш неделно за маска и направете ѝ услуга на вашата кожа.

4. Тонирајте ја кожата на лицето

По миењето, пилингот и маската, време е за тоник кој ќе ја урамнотежи pH вредноста на кожата, ќе ги отстрани остатоците од водата и ќе ја омекне и смири кожата. Исто така, ќе и ја даде потребната хидратација на кожата и ќе ја подготви за чекорите кои следат. Длабински хидратираната кожа подобро ќе ги впие серумите и кремите кои по тонирањето ќе имаат поголемо дејство.

5. Не ја занемарувајте моќта на серумот

Многу жени не користат серуми или бустери кои се вистински еликсири за кожата бидејќи содржат висока концетранција на активни состојки. Нивната задача е да ја рструктуираат, обноват и хидратизираат кожата одвнатре и да ја заштитат од различни надворешни и внатрешни штетни влијанија. Со доаѓањето на пролетта, размислете за вметнување на овие продукти. Серумот или бустерот се користат пред нанесување на хидратантната крема.

6. Подрачјето околу очите е многу важно

Негата на подрачјето околу очите е исклучително важно за вашето лице да изгледа помладо. Имено, токму кај очите се појавуваат првите брчки и првите видливи знаци на стареење. Бидејќи кожата околу очите е тенка, постојаната хидратација е најдобар сојузник во борба против несаканите брчки, па првата крема за подрачјето околу очите би требало да почнете да ја користите веќе кон крајот на 20 години.

7. Кремот за лице на крај

Последниот чекот на секоја бјути рутина е кремата за лице. Само серумот или бустерот не ја даваат потребната количина на хидратација како дневната или ноќната крема, па секогаш е потребно да ги користите заедно. Предуслов за правилно користење на кремата е да го знаете видот и состојбата на својата кожа. Сувата кожа преферира хранлива текстура, додека мешаната и помрснат кожа бара полесни, водели текстури. Никако не смее да се заборави дека со почетокот на пролетта во дневната рутина треба да ги вметнете производите со SPF фактор, особено за лицето.

Слични содржини