Еве за кои екс-министри за економија е запрена постапката за пожарот во „Пулс“

од Nikola Popovski
28 прегледи

По речиси три месеци од стравотниот пожар со 62 жртви, поднесено е обвинение за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Со обвинението се опфати 34 физички и три правни лица, кои не ги почитувале законските прописи. Државниот обвинител, Љупчо Коцевски изјави дека постапката за 11 лица е запрена, а за уште две е прекината.

Од 11-те за кои е запрена постапката поради немање докази, двајца се поранешни министри за економија и тоа екс-министрите Дритон Кучи и Беким Незири. Во обвинението остануваат екс-министрите за економија, Ваљон Сарачини и Крешник Бектеши.

За фронтменот на „ДНК“, Владимир Блажев-Панчо има прекин на истрагата додека е на лекување, како и за управителот на фирмата кој почина во болница.

Како резултат на севкупноста на пропустите на сите обвинети, на критичната вечер, како што дополни државниот обвинител, на усно договорен настап без формално потпишан договор со музичката група ДНК, заради сценските ефекти при настапот била договорена и употреба на пиротехнички средства, а во клубот се пропуштале посетители помеѓу кои и деца со што бил надминат дозволениот број посетители.

Јавните обвинители утврдиле дека три пиротехнички уреди биле нелегално набавени и активирани истовремено преку базни уреди со телескопска антена. Пиротехниката била внесена и употребена без дозвола, спротивно на законите за експлозивни материи. За употребата на пиротехниката, покрај дел од членовите и придружбата на ДНК, од кои еден дел се починати, а за еден постапката е прекината поради неговата се уште лоша здравствена состојба, одговорност е лоцирана и кај првообвинетиот сопственик, неговиот син – управител на фирмата и кај четворица членови на обезбедувањето на клубот.

Вчера беа уапсени и 13 полицајци кои биле на функција или на должност вечерта кога се случи пожарот во Пулс кога загинаа 62-ца, а 211 беа повредени.

Слични содржини