Еве зошто денешните врски се распаѓаат толку лесно

од Stefanija Kuzmanovska

Зошто е тешко да се одржи љубовна врска денес? Зошто, и покрај сите напори, крајот е несреќен? Зошто луѓето одеднаш станаа толку неуспешни во тоа? Еве неколку причини зошто денешните врски се толку краткотрајни.

Луѓето не се подготвени

Луѓето не се подготвени за жртва, компромиси, безусловна љубов, не се подготвени да инвестираат во она што е потребно за нивната врска да функционира.

Луѓето не бараат љубов, туку возбуда

Луѓето сакаат некој со кого можат да гледаат филмови и да одат на забави, а не некој кој може да ги разбере дури и во нивната најдлабока тишина. Кога возбудата ќе се смири, тие откриваат дека врската им е товар, дека само ги оптеретува.

Немаат време да сакаат

Луѓето немаат трпеливост да се соочат со односите. Тие се зафатени со стремеж кон материјални работи и тогаш нема време за љубов.

Бараат совршенство

Тие одат на многу состаноци, но ретко некому му даваат вистинска шанса. Разочарани се од сите.

Врските веќе не се толку едноставни

Постојат отворени врски, повремени комбинации, врски за една ноќ, врски без обврски… оставивме многу малку простор за љубов.

Слични содржини