Раководството на Евертон ја одби и втората понуда на Челси за Ентони Гордон. Откако пред два дена „карамелите“ одбија 40 милиони фунти за 21-годишниот талент, сега лондончани се вратија со понуда за 45 милиони, но и тоа удри во камен.
Според „Тајмс“, тимот од Ливерпул бара минимум 50 милиони фунти за младинскиот репрезентативец на Англија. Се вели дека Евертон веќе му понудил на Гордон нов договор, но тој во моментов не брза да го потпише.
Ентони Гордон може да игра по цело десно крило, а во последните два натпревари за „карамелите“ дури стартуваше во врвот на нападот бидејќи Френк Лампард моментално нема избор на таа позиција откако клубот го продаде Ричарлисон, а Доминик Калверт-Луин е повреден.
Можно е да се дојде и до опција во која, покрај пари, Челси ќе префрла и позајмени играчи во Евертон. Се вели дека Френк Лампард е заинтересиран за Армандо Броја, Миши Батшуаји и Конор Галагер.